hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: „Задоволен сум што полека добиваме клупа„

kire lazarov so crna gora

Најефикасниот на мечот со Црна Гора, Кирил Лазаров не го криеше задоволството по убедливата победа на стартот од турнирот, против репрезентација учесник на европското првенство: „Задоволен сум од оствараниот триумф бидејќи ваквите победи носат самодоверба.

Сите добро знаеме дека Црна Гора е сериозна репрезентација која во квалификациите за ЕП ја елиминираше Германија, но ние денеска одигравме квалитетно и заслужено стигнавме до победата. Драго ми е што добиваме клупа, што играчите што добија шанса максимално ја искористија. Особено би го издвоил Митков, кој игра на мојата позиција, а кој дефинитивно станува се поквалитетен од година во година. Ваквите победи носат самодоверба и затоа очекувам да одиграме на триумф и против Србија, бидејќи токму со вакви триумфи оние помлади ракометари на дело воочуваат дека можат да се носат со секој противник. Едно е кога ние поискусните ќе им кажуваме, но многу подобро е самите ќе го согледаат тоа со квалитетна игра на теренот" изјави по мечот капитенот Кирил Лазаров.

Share