hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Србите лесно и убедливо против довчерашните нивни браќа

srbija - crna gora

Србија - Црна Гора 32:25 (18:13)

Во вториот меч на тромечот во Скопје на бившите југословенски републики, Србија ја совлада селекцијата на Црна Гора со +7 и ќе му биде доволно реми во утрешното соочување со Македонија за освојување на турнирот.

Во текот на целиот меч во СРЦ „Кале„ сребрените од последното европско првенство водеа, а во завршницата таа разлика порасна до 6,7 па во 45 минута и до рекордни 11 гола. Избраниците на Владан Матиќ го имаа леворакиот Марко Вујин со 9 гола како главна звезда, а Никчевиќ со 6 и Стојковиќ со 4 гола исто така беа на висината на задачата. Кај црногорците најефикасен беше крилниот ракометар Ласица со 5 гола. Инаку ова беше прв меѓусебен меч на Србија против Црна Гора откако црногорците настапуваат одвоено од своите довчерашни „браќа„ Зоран Кастратовиќ имаше дополнителни проблеми откако Стеван Вујовиќ беше итно опериран од слепо црево и нема да настапи на европското првенство. Утре од 18:30 часот, Македонија и Црна Гора ќе се борат за првото место на тридневниот турнир.

Share