ВИДЕО: Лазаров: „Голготата не може да поништи добри подготовки„
Не неколку часа пред мечот со Данска во пресрет на репрезентативниот ручек во хотел „Скандик„ во Хернинг, капитенот на македонската репрезентација беше дециден околу дебито на европското првенство:
„Ние сме навикнати на голготи. Она што ни се случуваше вчера не може да избрише 15-20 дена добри подготовки. Данска е селекција која многу ја респектирам, која има успешен женски, па машки селектор како Улрик Вилбек и тој сака да го заврши овој циклус со злато, бидејќи од наредната година доаѓа исландски стручњак на неговото место. За разлика од претходните мечеви со Данска сега играме на нивни терен и притисокот е врз нив. Ќе видиме како ќе го отворат натпреварот и дали ќе тактизираат. Со нетрпение го очекуваме вечерашниот меч и настапот против европскиот првак и 15.000 гледачи„ рече Лазаров во последната изјава пред натпреварот.