hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Не заслуживме пораз од десет разлика, иако игравме против најсилниот ривал

kire so francija

Селекторот Кирил Лазаров на прес-конференцијата после мечот изјави дека е разочаран од резултатот, а задоволен од пристапот на неговиот тим. Моќната Франција извојува победа од 39-29, во натпревар кој на стадионот на Фортуна Дизелдорф го следеа преку 53.000 гледачи. По рекордниот натпревар на прес-конференцијата својот став го искажа селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров.

„Мислам дека не заслуживме да загубиме со десет голови разлика, криво ми е што не беа 6-7 гола разлика. Многу грешевме, а Франција казнува. Тие заедно со Данска се најсилни селекции на светот. Задоволен сум од првата половина од првото полувреме, но тоа не е доволно против тим како Франција која 60 минути игра во исто темпо.

Моравме да играме „седум на шест",многу подолго отколку што планирав и посакував. Имавме проблеми и загубени топки на шест и шест и затоа моравме да се фокусираме на „седум на шест", на тој начин да ја приближиме противничката зона поблиску до нивниот гол. Како што реков, во многу работи бевме сосема добри, но Франција беше едноставно премногу силна и знаеше како да ја казни секоја наша грешка.

Тактички не заостануваме толку многу, во играта се гледа дека „имаме и глава и опашка". Она што ја прави разликата меѓу нас и Французите, но и останатите врвни селекции, тоа е онаа физичка сила во која значително заостануваме. Тоа е генерален проблем, тука на сцена стапува нашиот менталитет, методика на работа на самите играчи, кои не вложуваат доволно во себе. Секој од тие млади таленти треба да вложува во себе, да биде подготвен на жртва, за да работи уште повеќе и да напредува во кариерата. Верувајте дека тоа го прават младите ракометари во Франција, Шпанија и останатите врвни ракометни земји, додека кај нас се оди на молење за дополнителна работа, нешто што е неопходно ако се сака да се направи посериозна кариера. Ова кај нас не е проблем само во ракометот, туку и во речиси сите колективни спортови#, заврши Лазаров.

Утре нашите ракометари патуваат за Берлин и првпат ќе тренираат во „Мерцедес Бенц Арена", каде в недела ќе се соочат со домаќинот Германија.

Share