hummel Logo 160

Forza logo za Sport Life

skolo logo fb

logo-kmg

LIVESCORE.in
OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија го совлада Чиле и се пласира во главната групна фаза

31610985523

Македонија - Чиле 32:29 (16:17)

Македонската репрезентација конечно одигра прав натпревар, избраниците на Данило Брестовац се покажаа во подобро издание го победиија Чиле со 32:29 и се пласираа во следниот круг на Светското првенство.

Натпреварот одлично го почна Митревски со три одбрани во првиот напад, но првите водства ги имаа Јужноамериканците. Браќата Фојхтман први зададоа удар, но Митревски со четири одбрани и Костески со два гола од позиција на десно крило израмнија на 4:4 во деветттата минута. По долго трагање првпат поведовме во 20. минута по првите два гола на Кире Лазаров, Сепак, Чилеанците имаа решение за нашата одбрана и ни дадоа многу голови во првиот дел.

Браќата Фојхтман постигнаа уште два гола од тешка позиција и во финишот на првиот дел Чиле пак беше поснаодлив и оствари предност од 16:17 на полувреме.

Во вториот дел одбраната беше засилена со Талески, кој полека се специјализира за игра во дефанзивата, ја зголемивме цврстината, ги намаливме опциите на Чиле, а во нападот продолживме да играме на исто ниво и на крајот се радувавме на триумф од 32:29.

Лазаров со осум гола беше најефикасен, Костески и и Пешевски постигнаа по пет гола, Кузмановски реализираше четири пати. Фантастичен на голот беше Митревски со 14 одбрани, Томовски фати два пенали. Во составот на Чиле, Салинас даде девет гола, Себаљос седум.