hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Убедлив пораз од Египет, дуелот со Чиле одлучувачки за нашата иднина на СП

egipet-288879

Египет - Македонија 38:19 (20:6)

Македонската ракометна репрезентација доживеа уште еден тежок пораз на 27. Светско првенство. По поразот од Шведска, во четвртокот (32:20), вечерва домаќинот Египет ја декласира Македонија со 38:19 (20:6). Поразот од Египет е најтешкиот за Македонија во седмото учество на светските првенства.

Двата одиграни натпревари на Светското првенство го поставуваат прашањето дали Македонија воопшто требаше да ја прифати понудата и како прва резерва да отпатува во Египет.

Махмуд со осум гола го предводеше Египет, кај Македонија Лазаров, Марковски и Пешевски постигнаа по три гола. Единствена светла точка во редовите на македонската селекција беше голманот Томовски со осум одбрани.

Египет со оваа победа избори пласман во втората фаза, а нам ни е потребна победа в понеделник против Чиле.

Share