hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Сите тестови на ковид-19 се негативни, утрово првиот тренинг во Каиро

мкд тренинг 2

Македонската експедиција во Египет e комплетно ковид-нагтивна. Сите брзи тестови што биле извршени врз делегацијата, стручниот штаб и ракометарите биле негативни, по што „црвено-жолтите" се упатиле во хотелот во Каиро.

Веднаш при пристигнувањето врз репрезентациите се вршат брзи тестови, а по пристигнувањето во хотелот следи и ПЦР тестирање. Иако првите резултати се негативни, сепак, ракометарите мора да бидат во карантин. Во 10:00 часот е закажан тренингот така што тогаш ќе можат да ги напуштат хотелските соби.

Селекторот, Данило Брестовац и неговите момци ќе имаат кратко време за адатапција на новите климатски услови, но и кратко време за подготовка за утрешната средба против Шведска, прва на шампионатот.

Share