hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Чиле совладан и по вторпат, Македонија спремна за повик на СП во Египет

mak-rakomet-makedonija-chile-10.01.2021-9975

Македонија - Чиле 28:24 (16:12)

Македонската ракометна репрезентација ја забележа и втората победа во 2021 година, откако и во вториот затворен тест ја надигра репрезентацијата на Чиле со 28:24 (16:12). Селекторот Брестовац не ги повика Лазаров, Стоилов и Танкоски, но им даде шанса на сите останати ракометари.

Најефикасни во македонскиот национален тим беа Кузмановски со четири, а Талески, Поповски и Пешевски постигнаа по три гола. Фојхтман со седум погодоци беше најдобар и најефикасне чилеански ракометар.

На нашата селекција сега ѝ преостанува да чека уште два дена, ако некоја репрезентација го откаже учеството на Светското првенство во Египет, да влета како прва резерва на турнирот.

Share